Макало со пресни кравајчиња
Макало познато во многу краеви во нашата ни убава земја...
Подготовка.
1. Во тенџере на оган ставете ги сувите везени пиперки и компирите да се сварат. Предходно компирот и везените пиперки убаво измијте ги. Кога ќе се сварат пиперките ги расекуваме на пола им го одстрануваме семето. Со нож ја вадиме меснатиот дел на пиперката, лушпата ја одстрануваме.
Празот убаво измиен го сецкаме. Компирите ги лупиме, со дрвен толчник го толчиме прво празот, потоа ги додаваме везените пипери и на крај компирите. Убаво промешуваме и целата смеса ја попаруваме со загреаниот зејтин. Додаваме по вкус оцет и сол.
2. Во вангла за месење се ставаат брашното, квасец, солта и се замесува тестото со млака вода. Веднаш формираме округли лепчиња ги обложуваме во плех и ги боцка ме со вилушка. Рерната ја вклучуваме на 220степени и веднаш го ставаме плехот со лепчињата.
Печете 30 мин.на 220 С, а потоа се намалува на 180 мин.и печете уште 25 мин. Откако ќе се испече се остава во рерната уште 10 мин.Се мота во крпа и се остава да се олади.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани