Лутица - макало
1. Пиперките се печат и лупат, се сецкаат ситно
2. Кочанот од зелката, морковот и лукот се рендаат на ситната страна од рендето.
3. Се меша, се додава сецкан магданос.
4. Се залева со вода колку да ги покрие пиперките.
5. Се загрева зејтин и се попарува
6. Се закиселува по ваш сопствен вкус.
Совет- може да се спрема и од благи пипер, но сепак ценам дека решкавиот пипер си има свој посебен вкус. Јас секогаш ги печам на жар - ќе се согласите дека пиперка на жар печена има посебен шмек. Ова повеке е одокативен рецепт. Можете да го спремате во поголема количина, ставете го во некој сад, затворете- и нека стои во фрижидерот, може да се одржи 5-6 дена. Одлична апетитка...
Го ставив овој рецепт во категоријата на Ручек ... ама не е ручек, незнаев каде да го сврстам рецептот...
Лиценца: Сите права се задржани
Kolku poluto jadis, poveke kalorii trosis. A baska ke te fati i zeludecot pa i ne mozis se da jadis i eve ti prinudna dieta, ne?
So crveni peceni piperki (od zamrznuvacot) i zeleni luti, a ostanato se kako vo receptot. Vaka mi ispadna:
Odlicen recept. Fala ti Lile :))