Лут ајвар
Секоја година, традиционално, подготвувам ајвар. Неколку години наназад, освен класичниот ајвар, чист, само од пиперки, правам и ваков ајвар.За љубителите на љуто, одличен.
1.Измиените пиперки (и везените) и добро исцедени или избришани се печат. Се лупат, се чистат од семките и се ставаат во вреќа да се цедат преку ноќ.
2. Црните домати измиени, исчистени, се печат убаво во рерна,да омекнат. Се лупат, исто се оставаат да се цедат.
3.Другиот ден се мелат пиперките и црните домати. Во шерпата за ајвар се става 1 литар масло, киселина, шеќер. Се зоврива сето тоа и се меша да се растопи шеќерот. Се додаваат пиперките и се меша постојано на силен оган. Се додава сол по вкус.
4. По половина час се додаваат црните домати.(Црните домати можи два пати да се сомелат, за да бидат што поситни.) Постојано се меша.Одвреме навреме се додава од маслото. Се пржи околу еден час и триесет минути (сепак зависи од силата на огнот, како и од пиперките). Ајварот треба да добие убава густина и боја. Со лажица кога се зема, да паѓа како пандишпан или пак на дното од тенџерето да остава трага, кога ќе се помини со лажицата.
5.Се собира жежок во жешки, стерилни тегли. Се завиткува убаво со некое старо ќебе, така постепено да излади и да се вакумира.
* Забелешка - Рецептов го најдов во една група за размена на рецепти, од г- ѓа Мирјана, но тој беше без луто и со јаболкова киселина,јас си го прилагоди по мој вкус и начин на подготовка.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани