Подготовка
1. Лиснатото тесто расучете го со должина и ширина колку тавата во која ќе печете. На средината со врвот од ножот обележете форма од риба, но не го сечете тестото.
2. Над нацртаната риба ставете го филот. Страните исечете ги на ленти и почнувајќи од главата почнете да ги плетете, од лево па од десно преклопувајќи ги. Опашката малку засете ја по должината (се гледа на сликите).
3. За филот, прво на малку масло испржете ги исечканите печурки. Извадете ги и во истото масло потпржете го исечканиот кромид. Маслинките исечкајте ги и сите состојки измешајте ги.
4. Пред печење, рибата премачкајте ја со мешавина од малку вода и куркума.
5. Печете во загреана рерна на 200 степени се додека убаво не зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови