Прво лимонот го лупиме, го сечиме на четвртинки и ги одстрануваме семките од него.
Парченцето ѓумбир го лупиме.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме лимонот, ѓумбирот, малку вода и коцка мраз.
Соединуваме убаво.
Сега добиена течност ја процедуваме низ ситна цедалка и ја налеваме во чаша.
ставаме ливчиња нане.
По желба додаваме вода, мраз, мед ..
Консумираме на празен стомак, секое утро.
на здравје...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани