Јас пак со ликерите...не само што е од портокал, туку е и
Валентањски :)))))

1. Во тегла ставете го шеќерот, додадете ја ракијата.
2. Портокалот измијте го и набодете ги каранфилчињата на неколку места. Ставете го во теглата.
3. Оставете ја теглата на сонце и нека стои се додека шеќерот не се стопи, а портокалот не потемне.
4. Прецедете го ликерот и соберете во флаша.
Уживајте!

Забелешка
- Бидејки сега е зима- ставете ја теглата на доволно светло место.
- Кај мене скоро месец дена се топеше шеќерот, а да го оставите и подолго време...ништо не смета.
- Ако сте љубопитни и сакате да пробате од ликерот додека сеуште не е готов, ќе осетите горчлива нитка на вкус. Ништо страшно бидејки одкако ќе биде навистина готов овој вкус се загубил.
- Овој ликер можете да го користите како аромат во колачите

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани