Лиз Тејлор торта
Најпрво се подготвува филот 2 на тој начин што слатката павлака и 200гр.кршено чоколадо се топат на умерена температура, со постојано мешање но да не проврие. Се остава на страна и така млака смеса се става во фрижидер убаво да се излади (со самото ладење станува погуста,ладете обавезно 2 саати).
За подготовката на кората начинот е стандарден, биени јајца, шеќер и сите останати состојки со ИСКЛУЧОК на сокот од праска. Смесата се излева во плехче со димензии 35/27 см. кое претходно сме го обложиле со хартија за печење.
Се печи на 180 степени околу 25 мин.
Ладната кора ја поставуваме врз чинија во која ќе биде послужена тортата, ја полеваме сега со сокот од праска.
Во меѓувреме додека се печи го подготвуваме филот 1..
Путерот се бие со миксер со шеќер во прав, се додаваат сувите состојки, на крај постепено густиот сок од праска.
Над кората се нанесува филот 1.
Вториот фил сосема изладен, се бие со миксер, се добива кремаста густа смеса.
Готовиот фил 2 се нанесува врз првиот фил.
За најгоре се топи чоколадото со слатката павлака, млако се полева над тортата.
За украсување најгоре наместо топинг може да се користи и биена слатка павлака или шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
дека лизи се мажеше така...со секој нов пар патики, маж ѝ следуваше :D