Моите најнови експерименти во кујната се сведени на комбинирање грозје во салати.
Шала на страна, предобро се комбинираа вкусовите и ова е преубав лесен оброк.

Подготовка:

1. Сите состојки ги миеме темелно, бадемите ги тостираме на тавче без масло, или може да си ги купите такви. Може и несолени да ставите, но со тостирани шмекот е посебен.
2. Марулата се сече или кине, а спанаќот ако немате ситен, исто така. Јас секогаш користам беjби спанаќ.
3. Потоа додадете го грозјето, бадемите, па измешајте.
4. Лимоновиот сок измешајте го со вилушка со неколку капки маслиново масло.
5. Со таа смеса прелијте ја салатата, додадете малку сол и тоа е тоа. Салатава ќе ве воодушеви, гарантирам,

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови