Подготовка:

1. Со миксер промешајте маскарпоне и крем филаделфија. Ќе добиете убава густа крема.
2. Колачите благо потопувајте ги во млеко, па ставете им по една лажичка од кремaта и веднаш поклопете ги со друго бисквитно кругче.
3. Готовите колачиња додека се влажни, веднаш премачкајте ги со кокос. Редете ги на подлога да постојат, да се впијат состојките.

Колачињата се топат во уста. Нека се на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови