Испечати

Лепени колачиња со кокос

Лепени колачиња со кокос

Состојки

  • 100 гр кокос
  • 1паковка готови круг колачиња
  • 250гр крем филаделфија
  • 250 гр маскарпоне
  • 300мл млеко по потреба за топење

Подготовка

Подготовка:

1. Со миксер промешајте маскарпоне и крем филаделфија. Ќе добиете убава густа крема.
2. Колачите благо потопувајте ги во млеко, па ставете им по една лажичка од кремaта и веднаш поклопете ги со друго бисквитно кругче.
3. Готовите колачиња додека се влажни, веднаш премачкајте ги со кокос. Редете ги на подлога да постојат, да се впијат состојките.

Колачињата се топат во уста. Нека се на здравје.