Ледени коцки со рум
Пандишпан
Јајцата се матат со шеќерот додека не се добие густа и пенаста маса. Постепено се додава брашното измешано со какаото и пецивото и убаво се соединува. Смесата се сипе во подмачкан плех и посипан со какао па се пече околу 20 минути на 180.
шербет
шеќерот се загрева на потивко со постојано мешање додека се растопи. Се додава водата и ванилата и се остава да врие додека се спои-додека се растопи карамелизираниот шеќер.
фил
750мл млеко се става да зоврие со 12лажици шеќер. Во преостанатото млеко се става густинот, убаво се растопува и се додава кон зовриеното млеко. Се вари густ крем и се остава да се подолади. Кон млакиот-скоро ладен крем се додава и изматениот маргарин со шеќерот во прав и убаво се соединува.
Во оладениот шербет се додава румот и се залева пандиспанот. Врз шербетот се истура и филот и убаво се израмнува. Се остава 1 час убаво да се стегне и потоа се става глазура.
Скоро секое домаќинство има по некој рецепт за овие коцки, но препорачувам да ги пробате и со рум. Румот дава посебен вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови