Од состојките за стартерот се прави ронливо тесто се става во тегла, се затвора и се остава на собна температура 18-20часа. Од стартерот и остантите состојки освен солта и семките се замесува тесто, на пола од месењето се додава и солта и семките. Се формира тесто и се остава да стасува 45 минути.
Од тестото се делат 10 топчиња од 30гр, 10 топчиња од 60 гр. и 2 топчиња од 50 грама.
Триесет грамските и шеесет грамските топчиња се редат во тавата за печење наизменично во круг, а додека пеедесет грамските се наросуваат со семки од афион и се поставуват во средината од кругот.
Од тестото излегуваат 2 сончогледи. Се оставаат да стасат или додека се дуплира тестото. Се премачкуваат со млеко и се печат во загреана рерна 220 степени околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани