1. Во сад го ставаме сувиот квасец, шеќерот, солта и млаката вода, мешаме со лажица, покриваме со фолија и оставаме да стаса 15 минути.
2. Го додаваме јогуртот, мешаме со лажицата, па постепено го додаваме просеаното брашно и месиме со рака. Покриваме со фолија и оставаме да стаса 1 час.
3. После 1 час во садот пак размесуваме со малку брашно и оставаме да стои 15 минути.
4. Потоа со намрсени раце го земаме тестото, го ставаме во тавче бр. 26, одозгора со тапкање со рацете нанесуваме масло.
Ако тавчето е нелепливо не ставаме масло на дното, ако е лепливо тогаш ставаме хартија за печење.
5. Одозгора засекуваме и оставаме да стои уште 30 минути.
6. Рерната ја загреваме на 180 степени, ставаме од миксот на семиња (лен, сусам, сончоглед и тиква) и печеме 40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани