Леб на парчиња со лук, магдонос и биено сирење
Ова е рецепт за сите љубители на лук... Од состојкиве излегоа повеќе парчиња, па од нив составив две лепчиња и ги печев во различни калапи.
Подготовка
1. Сувите состојки кои сме ги соединиле ги замесуваме со топлото млеко во кое сме го додале и маслото. Оставаме да се дуплира, да стаса.
2. Во меѓувреме го сечкаме лукот на многу ситни парченца, биеното сирење го рендаме, а исто така го сечкаме и магдоносот.
3. Стасаното тесто го расукуваме во правоаголник и го премачкуваме со путер.
4. Ставаме рендано сирење, па сечканите лук и магдонос.
5. Сечеме ленти кои ги ставаме една врз друга, па ги сечеме на квадрати или правоаголници во зависност од тавчето во кое ќе го печеме лебот. Ги редиме едни пред други за да ни се двои лебот на парчиња откако ќе го испечеме. Пред печење го премачкуваме со разматено јајце во кое сме додале млеко.
6. Ја вклучуваме рерната на 200 степени да се загрее па го печеме лебот, додека да поцрвени или околу 1/2 час.
Лиценца: Сите права се задржани
Mnogu gi sakam.... Ama so lukot ne sum vo ljubov