16
апр
2012
Лазања со домашни кори
Прво ги ставаме корите во сад со зовриена вода да се варат. Во тавче го пржиме кромидот со 2-3 лажици масло. Кога ќе се испржи ги додаваме печурките и меленото месо. Кога месото ќе зарумени го додаваме доматното пире. го подготвуваме бешамел сосот. Брашното го пржиме со путерот и постепено го додаваме млекото и убаво мешаме додека да се згусни. Корите убаво ги цедиме и половината ги ставаме во сад за печење, над нив ставаме од бешамел сосот и од меленото месо. Постапката ја повторуваме уште еднаш и најгоре завршуваме со кори. Тураме вода во висина на корите. Најгоре рендаме кашкавал и печиме. Готовата лазања ја сечиме на коцки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови