Компирите и морковот се варат и се пасираат и се додаваат кон меленото месо, се додаваат зачините, слатката пченка и пиперката исечкана на коцки. Од така подготвената смеса се формира топка толку голема колку што е голема кожата на пилето. Така подготвеното месо се покрива со пилешката кожа, се додава малку масло и се печи на 220 степени за 40-50 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови