Лажно полнето пиле
Состојки
- 300-350 гр. мелено месо
- 2 средно големи компира
- 1 морков
- 1 пиперка
- 50 гр. слатка пченка
- по потреба сол, црн бибер, оригано
Подготовка
Компирите и морковот се варат и се пасираат и се додаваат кон меленото месо, се додаваат зачините, слатката пченка и пиперката исечкана на коцки. Од така подготвената смеса се формира топка толку голема колку што е голема кожата на пилето. Така подготвеното месо се покрива со пилешката кожа, се додава малку масло и се печи на 220 степени за 40-50 минути.