Превкусна, декоративна, лесна и за јадење и за правење, не одзема многу време за подготовката, а крајниот резултат е воодушевувачки.

Подготовка

1. Се миксира слатката павлака додека не добиеме воздушеста структура (внимаваме да не се премати хоплата). Потоа го додаваме маскарпонето и миксираме на најспората брзина кратко - до соединување. Додаваме рум или ванила екстракт (по вкус).
2. Во соодветен сад ставаме еден ред од бисквитите со какао (потопени кратко во млекото), па ставаме слој од филот со хопла и маскарпоне, па потоа ставаме од стопеното чоколадо (на пареа) насекаде со помош на лажица и расфрламе од сецканите ореви. Постапката се повторува, но овој пат ставаме еден ред од обичните бисквити.
3. Во зависност од големината на садот, може да варира бројот на употребени бисквити, јас ставив два реда од бисквитите со какао и два реда од светлите бисквити. Завршуваме со фил и стопено чоколадо. Садот го покриваме со стреч фолија и го оставаме во обичен фрижидер цела вечер.
4. Наредниот ден може да се сервира десертот, со помош на лажица за сладолед црпнуваме од тортата и така формираните топки торта ги ставаме во соодветна чинија, одозгора ставаме чоколаден прелив и сецкани ореви.

Забелешка - Најдобро е да користите помал сад, но повисок. Доколку сакате поблаг фил, додадете шеќер по ваш вкус, јас не додадов.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани