29
мар
2020
Ладно инстант кафе
Еден начин за убаво подготвено ладно кафе.
Рецептот е од помалата ќерка Сара.
Во стаклен сад ставете 2 лажички инстант кафе,2 лажички шеќери две лажички жешка вода.
Матете убаво да добиете дебел крем.
Погледнете на сликите.
Кога ќе изматите убаво, кога ќе добиете убав дебел крем кој ја сменил бојата во светло кафена,додајте го во чашата во која ќе го служите кафето.
чашата треба да е наполнета со неколку коцки мраз и прелеана со млеко.
Матете убаво да се размати кремот.
Кафето е одлично,
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови