1
јун
2014
Кученца
Од наведените состојки измесете компактно тесто и оставете го да се дуплира.
На набрашнета површина развлечете го тестото со дебелина од 1 см и со кружен калап или некоја поширока чаша во обем вадете кругови.
Секој круг на долниот дел малку порамнете го и од страните засечете/обликувајте ги ушите со нож.
Втиснете по 2 зрна црн бибер наместо очи и една кубета како нос.
Премачкајте ги со благо разматена белка и печете во загрена рерна 15ина мин на 190Ц.
Готовите „Кученца“ засечете ги во средина и наредете ги најпрво со зелена салата, па парче кашкавал, виршла и чајна колбасица, која би требало да претставува јазиче.
Послужете и израдувајте ги дечињата : )
Лиценца: Сите права се задржани