Кумановска татлија
Во помал огноотпорен сад се загрева маслото додека замириса.
Оревите можи малку да ги потпечите ако сакате и ситно да ги исечкате.
Во длабок сад за месење се тура 800 гр брашно и во него се истура врелото масло.
Се меша убаво со лажица додека се соедини.
Потоа се додаваат останатите состојки, од кои на крај оревите. Се меси убаво и на крај се додава останатото брашно.
Тестото се расплескува рамномерно во благо намастена тепсија бр 34 и со остар нож се сечи на ромбоиди. Насекаде се боцка со вилушка.
Се печи во загреана рерна на 150С еден час, па на 175С додека фати убава боја.
Откако ќе олади, се прави шербетотот, кој треба да врие 10на минути на средна температура. По желба можи да додадете парчиња лимон, лимон шеќер или портокал шеќер.
Се тура жежок шербет врз оладена татлија, па се покрива со фолија веднаш и се остава преку ноќ да се впие шербетот.
Благодарност на Вера Трајковска од Куманово за рецептот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Preubavo napravena.
фала кате