Драги мои овие превкусни крцкави кифли ги пробав кај сваќата Гена. Па еве од мене презентирање на изработката на крцкавциве по нејзиниот рецепт. Топло ви ги препорачувам. Во топлата вода го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно. Промешуваме и нека одстои 5 минути. Потоа го додаваме маслото, солта, и брашното, Замесуваме мазно нелепливо тесто. Го покриваме и некка одмори 15 минути.Потоа го делиме на 2 дела. Од секој дел расукуваме правоаголна кора и ја премачкуваме со маргарин. Ја завиткуваме во ролат. Постапката е иста и со втората кора. Сега во една тава ги налеваме тие 30-40 мл масло. Ролатите ги сечеме на парчиња, одприлика по 6-7. Ако сакате помали кифли поделете ги на 10 дела. Секое пресечено парче го валкаме во маслото и ги редиме во тавата.Постапката е иста со сите. Ги оставаме 10 минути да одморат. Потоа почнуваме од првото пресечено парче што сме го оставиле. Со дланката малку го раслескуваме и го сучиме во долга форма. Почнуваме да виткаме, а при тоа по малку и го растегнуваме тестото. Ги редиме во плех и ги попрскуваме со морска сол.После 10 минути ги печиме на 190 с околу 25 минути.