Крцкав печен компир со вино
Порано како главно јадење, а денес како прилог на се останато.
Начин на подготовка од кој ќе се воодушевите од мекоста на компирот.
Вкусот за мене одличен.
1 кг компир
Компирот го миеме и лупиме. Го делиме на четвртинки.
Во сад на оган ставаме 1 литар вода и 1 лажица сол да поврие.
Ги ставаме и компирите.
Од како ќе проврие водата варите уште 8 до 10 минути, па ги цедите од водата.
Додавате 4 лажици масло и зачин по желба.
Во тавата каде ќе печеме попрскуваме масло.
Налеваме 1 чаша бело вино и ги префрламе компирите.
Распоредуваме насекаде. Ставаме да се печат околу 30 минути на 200 степени.
Ако сакате повеќе поруменети оставете ги подолго. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови