9
сеп
2012
Крцкав господин (Француски сендвич)
Во длабок сад ги мешаме павлаката, половината од ренданиот кашкавал и зачините. Со оваа смеса ги премачкуваме четирите парчиња леб и ја редиме шунката, поклопуваме со останатиот леб и повторно премачкуваме со смесата од павлака и кашкавал. На крај го ставаме останатиот кашкавал и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути во зависнот колку сакаме да ни бидат крцкави сендвичите. Се служат топли, но јас ги сакам и кога се изладени.
* Наместо шунка може да ставите и од било кое сувомеснато.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови