Кроасани
Во подлабок сад се замесуват 250 мл. кисело млеко, 250 мл. благо млеко (топло), 2 јајца, 1 мал филџан за кафе зејтин, 2 мали лажички сол, 2 мали лажички шеќер, 1 квасец, брашно по потреба.
Одкако ке се измеси се остава тестото да постои околу 20 минути.
Потоа се размесува тестото и се дели на 3 дела.
Секој дел се дели на 10 мали топчиња.
Од секое топче се сука мала коричка .
Секоја коричка се премачкува со маргарин. Се редат една врз друга. Врз последната десетата коричка не се мачка маргарин.
Од нив се расукува голема кора. Која се дели на 16 дела. Од секој дел се замотува и се прави кифличка.
И за другите два дела од тестото следува истата постапка.
Кроасаните се редат во плек подмачкан со маргарин.
Одозгоре се премачкуват со јајце, се попрскуват со сусам и врз секоја кифличка се става по мала коцка маргарин.
Се остават да стасат 2-3 часа.
Се печат во загреана рерна на 200 степени. 20 минути.
Од една доза излегуват по 48 кроасани.
Во средината на секоја кифличка може да се стави издробено сирење или да се премачкат со мармалад доколку сакате да добиете благи кроасани.
Но без разлика дали се солени или благи секако се вкусни.
Пробајте!
Лиценца: Сите права се задржани