Популарните Крешенто колачиња, првпат во моја изведба. Некои ги спојуваат со растопено чоколадо и путер, некои со еурокрем... А и без ништо се превкусни. Брзи и лесни за правење, отсега дефинитивно често застапени кај нас како десерт. Пробајте ги и вие...

1. Се меси тесто од сите наведени состојки, го покриваме и го оставаме во фрижидер пола час.
2, Потоа правиме топчиња во големина колку цреша. Секое топче го увалуваме прво во белките, па во грубо мелените ореви.
3. Ги редиме во тава и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
4. Ги спојуваме со еурокрем.
5. Мене од оваа доза ми испаднаа околу 70 колачиња, односно околу 35 залепени со еурокрем.

Уживајте во нивниот вкус!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани