Со млеко на овој начин може да се подготвува најразлични видови на месо, особено телешкото. Млекото на месото му дава деликатен вкус и создава еден вкусен сос кој прекрасно се вклопува во комбинација со месото.

Најпрво кременадлите ги попржуваме во путерот и маслото за јадење да заруменат. Потоа ги вадиме од тавата на страна. Во истата тава ги додаваме сецканите моркови и кромид и пржиме додека не омекнат. Потоа го додаваме и лукот и лаваровите листа.
Кременадлите ги враќаме во тавата и го додаваме и виното.
Млекото го топлиме и го додаваме топло во тавата кај кременадлите. Поклопуваме со капак и на тивок оган оставаме да крчка околу 50 минути.
Откако ќе биде горово месото извадете го од тавата, одстранете ги лукот и лаваровите листа. Сосот во тавата измешајте го со блендер.
Брашното и водата во чашка промешајте ги заедно и додајте ги во сосот и ставете го на оган да покрчка малку додека се згусти.
Кремнадлите послужете ги со сосот топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани