Кремаста торта со нутела и банани
Едноставна за подготовка, лесна, брза кремаста торта направена од состојки што ми се најдоа дома. Со додавањето на медот и ванилата во филот, филот доби преубав мирис и вкус.
Најпрво подгответе го пудингот за да се лади.
Во дел од млекото растворете го нишестето, брашното, ванила шеќерот и пола од шеќерот. Останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зовријат додајте ја растворената смеса и на тивок оган мешајте го со жица додека се згусти. Трнете го на страна и веднаш додајте го медот и екстрактот од ванила и убаво измешајте ги да се спојат. Покриен оставете го да олади.
Подгответе го пандишпанот
Јајцата и шеќерот матете ги додека се дуплираат и постанат светли, кремасти. Додајте го маслото и на кратко изматете ги. Додајте го брашното и пецивото на 2-3 пати и мешајте со шпатула да се изедначи убаво смесата.
Ставете ја во тава за печење бр.26 намачкана со путер и посипана со брашно.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу13-15 минути.
Оставете го да олади.
Подготовка на филот
Оладениот пудинг пред да го матите со путерот прво изматете го. Така поубаво ќе се спои со путерот и ќе нема грутчина.
Изматете го путерот и постепено додавајте од пудингот. Измеѓу секое додавање матете ги подолго за филот да биде помазен.
Филовање на торта
Пандишпанот ставете го на подлога за торта, превртен со долната страна нагоре. Попрскајте го со млекото и намачкајте го со нутелата.
За поубаво да се мачка јас нутелата малку е стоплив, така помека полесно се нанесува на кората.
Одозгора ставете ги бананите исечени на кругчина од 4-5 мм. Над бананите ставете го целиот фил и израмнете го. Одозгора направете си шари со вилушка и посипете ја со чоколада во прав.
Пред служење оставете ја малку во фрижидер да се спојат вкусовите.
Лиценца: Сите права се задржани
Pred pecenje vo tavata stavete eden del zolta smesa a vo drugiot 1 lazica kakao i izmesajte. Isturete ja nad zoltata smesa i stavete da se peci.