За љубителите на кремасти торти топло ви го препорачувам овој рецепт, брзо се прави, а пред се е многу вкусно.

Подготовката е на следниот начин

1. Најпрво се прави пандишпанот со матење на белките и шеќерот пенасто, потоа ги додаваме останатите состојки (освен сецканите ореви и кремот)
2. Во тавчето ставаме хартија за печење, врз која рамномерно ги распоредуваме сецканите ореви, па врз нив смесата за пандишпанот.
3. Се пече 20-на минути во загреана рерна на 180 степени (проверете со чепкалка)
4. Пандишпанот се превртува наопаку и врз страната со ореви премачкуваме со 300гр крем.
5. Потоа се приготвува филот со матење на состојките на пареа додека да се згуснат, да подизлади тој дел, па соединуваме со претходно изматена слатка павлака.
6. Добиениот фил се дели на 2 дела (во едниот јас ставив чоколадо во прав, ама не е задолжително)
7. Редењето е на следниот начин - пандишпан, пола фил, еден ред бисквити (брцнати во малку млеко), па останатиот фил.

Декорацијата одозгора не е задолжителна, можете да ја украсите на свој начин или едноставно само да ја премачкате со филот и на пример да изрендате чоколадо, или да ставите чоколадни трошки, ореви и слично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови