Кремаста торта
Белките заедно со шеќерот го матиме со миксер, а потоа ги додаваме брашното, маслото, какаото, и пецивото, и така добиената ја ставаме во набрашнета тепсија бр.30,
и печеме во загреана рерна околу 20-на минути.
1. фил---
Жолчките, густинот и 3 лажици млеко ги миксаме и ги додаваме во зовриеното млеко со шекерот, Откако ке биде готова кремата го додаваме маргаринот и чоколадата исецкани на ситни парчиња и мешаме додека не се соедини, и ја оставаме кремата да олади. Откако ке олади ја матиме со миксер за да добиеме убава мазна маса.
2.фил---
Густинот го мешаме со 3 лажици млеко и ја додаваме во зовриеното млеко со шекерот. Мешаме додека не добиеме хомогена смеса, и потоа го додаваме маргаринот, ја оставме да олади и оваа крема ја матиме со миксер.
Откако ке олади пандишпанот го премачкуваме со првиот фил, оставаме во фрижидер малку да се здрви, и потоа ја стававме и втората крема, Најпосле декорираме со шлаг пена и рендана чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови