1. 100 гр. лупени, непечени семчиња од сончоглед, се мијат и се потопуваат во топла вода 15 минутки, да набабри зрното. Се цеди и се става во сува тава да се потпече на рингла, да се исуши и да замириса. 2. Во подлабок сад, се става 500 гр. иситнето сирење/урда, две лажици сенф, две лажици павлака, две лажици мајонез, мала лажичка куркума, лажичка кари, малку мелен бибер, згмечено лукче, сол и зачини според вкус. Во смесата се додава потпечениот сончоглед, се меша убаво и се додава маслиново масло до посакуваната густина на салатата/намазот, па се ужива во вкусот.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови