Испечати

Кремаста салата со праз

Кремаста салата со праз

Состојки

  • сончоглед 100 гр. непечени семчиња сончоглед
  • праз еден страк праз
  • ситно сирење 500 гр. ситно сирење/урда
  • мајонез две лажици мајонез
  • сенф две лажици сенф
  • павлака две лажици павлака
  • куркума една лажичка куркума
  • кари една лажичка кари
  • зачини малку бибер, сол, зачини по вкус
  • лук згмечено лукче
  • масло маслиново масло по потреба

Подготовка

1. 100 гр. лупени, непечени семчиња од сончоглед, се мијат и се потопуваат во топла вода 15 минутки, да набабри зрното. Се цеди и се става во сува тава да се потпече на рингла, да се исуши и да замириса. 2. Во подлабок сад, се става 500 гр. иситнето сирење/урда, две лажици сенф, две лажици павлака, две лажици мајонез, мала лажичка куркума, лажичка кари, малку мелен бибер, згмечено лукче, сол и зачини според вкус. Во смесата се додава потпечениот сончоглед, се меша убаво и се додава маслиново масло до посакуваната густина на салатата/намазот, па се ужива во вкусот.