Лесна за јадење, богата, вкусна торта е мојот денешен предлог.

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и матиме до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме соединетите мелени ореви, брашно и пециво.
2. Со шпатула ја изедначуваме смесата и ја истураме во плех од рерната, кој е обложен со хартија за печење. Печиме околу 15 минути во загреана рерна на 180 с. Оставаме да се излади.
3. Во вангличка ја матиме киселата павлака со шеќерот во прав. Тука ја додаваме и мелената плазма.
Изедначуваме.
4. Во другата вангличка го матиме шлагот со киселата вода. Сега, од изматениот шлаг ставаме 6 лажици во филот со плазмата. Изедначуваме.
5. Редење на тортата - Прва кора, попрскана со половина количина на чоколадно млеко. Па премачкуваме со филот од плазма, израмнуваме, па нанесуваме изматена шлаг. Повторно кора попрскана со чоколадно млеко, фил со плазма, па шлаг. Оставаме во фрижидер да се излади, па сечиме на парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани