Крема Лодиџана со вкус на кафе
Лесно и брзо за подготовка, само ќе ви треба повеќе време за ладењето.
Во сад за матење изматете ги убаво белките од јајцата. Потребни ви се само две белки. Откако ќе ги изматете белките додајте го во нив коњакот и кафето. Измешајте со жица за матење додека смесата не стане хомогена. На место на коњакот може да употребите рум.
Гледајте само да не претерате со алхохолот, да не биде повеќе од 1 лажица за да не преовладува со вкусот
Во друг сад за матење гсо миксер изматете си жолчките со шеќерот додека не побелат и станат пенасти. Намалете ја брзината на миксерот и полека по малку додавајте го и маскарпонето и матете сосема малку додека не стане хомогено.
Спојте ги смесата од белки и смесата со маскарпоне и измешајте ги со жица за матење додека не стане хомогено.
Кремата ставете ја во фрижедер да излади убаво и послужете ја ладна со суви бисквити и чоколадни зрна кафе.
Лиценца: Сите права се задржани