16
јан
2016
Крем супа од еролмази
Карактеристичен вкус,не секојдневна крем супа...
Еве го рецептот.
Еролмазите се мијат и се лупат.
Кромидот се цескана коцки и се додава кај еролмазите.
Оревите се сецкаат и тие одат во тавчето кај еролмазите и се запржуваат додека не заруменат.
Потоа се додава коцката за супа и вода па се остава да зоврие околу десет минути.
Потоа се блендира и се враќа на оган на тивко.
Се разматува неутралната павлака и се зачинува.
Се декорира со неколку парчиња пржен чипс кој го подготвуваме од еролмазите.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Но да не се лажеме децата не ми ја одобруваат за понатамошно готвење. Се работи за вкусови...немора секогаш нас што ни е добро да им биде и нив слатко :) :)
Следен пат би ставила помалку шалгани како што ги нарекуваш ти. Можеби ќе смени вкусот,поретка да биде...