Крем супа од еролмази
Состојки
- 10 еролмази
- 200мл неутрална павлака
- 2 лажици ореви
- 1 мало лажиче ким
- 1 парче кромид
- 1 литар вода
Подготовка
Карактеристичен вкус,не секојдневна крем супа...
Еве го рецептот.
Еролмазите се мијат и се лупат.
Кромидот се цескана коцки и се додава кај еролмазите.
Оревите се сецкаат и тие одат во тавчето кај еролмазите и се запржуваат додека не заруменат.
Потоа се додава коцката за супа и вода па се остава да зоврие околу десет минути.
Потоа се блендира и се враќа на оган на тивко.
Се разматува неутралната павлака и се зачинува.
Се декорира со неколку парчиња пржен чипс кој го подготвуваме од еролмазите.
На здравје