
24
окт
2015
Крем компир салата
Брза салата, идеална за пречек на гости и разни прослави.
Варените компири се сечкаат на покрупни парчиња како за компир салата. Шунката, краставичките и јајцата исто така се сечкаат на средна големина. Се меша салатата убаво, се посолува и зачинува, па се ставаат мајонезот и сенфот. Повторно се меша заедно и се остава салатата да одстои малку, па се служи.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови