Крем компир салата
Состојки
- 10тина варени компири (со средна големина)
- 300гр. шунка
- 10тина кисели краставички
- 5 варени јајца
- 250мл мајоноз
- 1 голема лажица сенф
- сол по вкус, мешан сув зачин, мелен црн бибер
Подготовка
Брза салата, идеална за пречек на гости и разни прослави.
Варените компири се сечкаат на покрупни парчиња како за компир салата. Шунката, краставичките и јајцата исто така се сечкаат на средна големина. Се меша салатата убаво, се посолува и зачинува, па се ставаат мајонезот и сенфот. Повторно се меша заедно и се остава салатата да одстои малку, па се служи.
На здравје!