Многу вкусни се, не се ниту КРоасани, ниту мАФИНИ, туку КРАФИНИ.

Подготовката е на следниот начин

1. Најпрво се меша сувиот квасец со млекото, шеќерот и 1 лажица од брашното и се остава да се активира.
2. Откако ќе се активира квасецот, замесуваме тесто со останатите состојки.
3. Тестото го делиме на следниот начин - 1/3 за Крафините и 2/3 за Кроасаните.
4. Тестото за Кроасаните се дели на 8 исти топчиња, кои ги расукуваме во големина колку чинија и ги премачкуваме со маргарин само 7-те.
5. Да одстои малку во фрижидер, па расукуваме кора и сечеме на 16 делови, од кои ги формираме кроасаните ( полниме по желба - крем, мармалад )
6. Тестото за Крафините се дели на 6 исти топчиња ( од едно топче добиваме 2 Крафини)
7. Секое топче се расукува како правоаголник, се премачкува со маргарин, се витка како ролат.
8. Да одстојат малку во фрижидер, па ги сечеме како на сликата.
9. Се редат во калап за мафини ( премачкан со маргарин )
10. Откако ќе стасаат, ги премачкуваме со јајцето измешано со 1м.л. прав шеќер.
11. Печеме на 200 степени.

Забелешка - ако сакате можете тестото да си го поделите по ваша желба, за повеќе Крафини или Кроасани.
Одозгора наросуваме прав шеќер.
Уживајте во прекрасниот мирис и вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови