Раскошна, декоративна, разлистана погача, со мирис и вкус на путер, мека и превкусна.

Подготовка

1. Прво ги ставаме во длабок сад млекото, квасецот, шеќерот и 1-2 г.л. од брашното. Мешаме да се раствори убаво квасецот, и го оставаме 15-на минути да се активира.
2. Потоа ги додаваме јајцата, па постепено го додаваме брашното (измешано со солта) до замесување на глатко, нелепливо тесто. Го оставаме да стаса.
3. Стасаното тесто го делиме на 12 исти дела (со тежина од околку 90-95гр) кои ги оформуваме како топчиња и ги редиме во намрсен дискус, ги покриваме со чаршафче, за да не се исушат.
4. Почнувајќи од првото топче, на набрашнета работна маса, расукуваме коричка како за класични кифли (во големина од околу 30х15цм). Со силиконска четка ја премачкуваме со растопен путер. Постапката е иста со останатите топчиња. Сите корички ги редиме една врз друга, па со остар нож ги сечеме во должина.
5. Добиените исечени парчиња ги вртиме со пресечениот дел нагоре, и ја формираме погачата, на тој начин што двата исечени дела ги ставаме еден врз друг како плус (+) а краевите ги ставаме одоздола.
6. Формираната погача ја ставаме во плех за печење (претходно ја ставаме во ќесе за печење и заврзуваме). Нека стаса, па печеме во загреана рерна на 200 степени до добивање на посакуваната боја (јас печев околу 40-на минути).
7. По печењето, веднаш се кине ќесето, внимавајќи да не се изгорите од пареата, и погачата ја ставаме врз решетка, премачкуваме со растопен путер и ја оставаме да олади 10-на минути, па послужуваме.

Забелешка - Погачата пред печење не се премачкува со ништо.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани