1. Измијте и нека се исцеди леќата.
2. Ставете во касеролата водата, откако ќе зоврие додадете ја леќата, нека се вари на тивко околу 20 мин, тргнете ја настрана да олади.
3. Испасирајте ја ( а црвената леќа кога е добро сварена, таа е веќе како каша и доволно само добро да разбркате), додадете ситно сецканиот кромид и магданос, пресуваниот лук, кимот, црвениот мелен пипер, сокот од лимонот, осолете на вкус.
4. Формирајте ќофтиња во големина која вие ја сакате, увалкајте во презла. Одлучете вие дали ќе ги пржите или само кратко потпечете во рерна откако ќе ги наредите на сосема малку помастено тавче.

Забелешка
- Леката откако ќе олади треба да нема воопшто вода, да е густа и податлива за формирање на ќофтето. Доколку ви се случи да сепак останала ретка, тогаш додадете мисирно брашно или палента, згуснете ја и понатаму продолжете според рецептот. На мене досега ниту еднаш не ми се случи да остане ретка, никогаш не додадов од мисирното брашно или палентата и не знам да кажам дали вкусот е ист како и вака спремани.
- Сокот од лимонот не додавајте го одеднаш, пробајте на вкус, иако јас навистина го користам целиот лимон, тој заедно со кимот даваат посебен шмек на кофтето.
- Пробав и да не ги ниту печам - ниту пржам, така сирови, супер и така, останува значи вие да пробате и одлучите како ке е финалниот дел на овие ќофтиња.
- Комотно можат да се служат како мезе на слави за време на постите..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани