Комплетен посен оброк
Компири на сол
1. Одберете компири приближно исти по големина. Ако се млади нема да има потреба од лупење, ако се од старите тогаш излупете ги. Со остро ноже издлабете ги одозгора.
2. На малку масло ставете го исечканиот праз, кромидот и кратко пропржете ги. Додајте го и изренданиот морков, па изренданиот компир кој ви остана од длабењето. Пржете ги 4-5 минути и зачинете ги. Компирите малку посолете ги внатре и наполнете ги со филот.
3. Во мала тава ставете на дното крупна сол. Врз неа ставете ги компирите и печете во загреана рерна на 180 степени. Ако има потреба во текот на печењето прекријте ги со фолија. Печете се додека не омекнат, проверете со чепкалка.
Паштета од црвена леќа
1. Леќата сварете ја и исцедете ја. Во блендер ставете ја леќата, оревите, зачините и почнете со блендирање. Маслото додавајте го лажица по лажица. Внимавајте, смесата треба да е посува.
Пржени ослич филети
1. Филетите посолете ги.
2. Корнфлексот исчукајте го малку да се искрши. Измешајте го со пченкарното брашно.
3. Секое парче риба убаво истегајте го во смесата и пржете на не многу силна температура.
Зачинет леб
1. Измешајте го млекото со квасецот, шеќерот и 2-3 лажици брашно и оставете го да се активира.
2. Додајте го преостанатото брашно, солта и измесете убаво, меко тесто. Покријте го и оставете го да се дуплира.
3. На малку брашно расучете го во правоаголна форма, премачкајте го со маргаринот, наросете го со лукот во прав и исечканиот магдонос и свиткајте го во ролат.
4. Пресечете го ролатот по должина, сплетете го и свиткајте го во венец. Одозгора премачкајте го со растопен маргарин.
5. Сега приклучете ја рерната на 180 степени и кога ќе се загрее ставете го лепчето да се печи се до убава румена боја.
Кафе колач
1. Сомелете го лененото семе и измешајте го со водата. Нека постои петнаесетина минути.
2. Сомелете ги и овесните снегулки и лешниците.
3. Нес кафето растворете го во малку жешка вода.
4. Во вангла ставете ги сите суви состојки, промешајте ги и додајте ги течните. Убаво измешајте ја смесата и печете во тава 20*20 на 180 степени 15-17 минути.
5. Одозгора прелијте го со бело чоколадо во кое сте ставиле 1 лажиче нес кафе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови