28
ное
2015
Компир салата со прелив од јогурт
Компирот сварете го во лушпата да омекни. Оставете го да олади, а потоа излупете го и исечете го на коцки.
Во меѓувреме додека се лади подгответе го преливот.
Кромидчето ситно исецкајте го и ставете го во сад. Додајте го јогуртот и останатите зачини и измешајте го. Оставете го покриен додека се лади компирот, така и малку ќе се изедначат состојките.
Компирот исечен на коцки малку посолете го и измешајте го. Ставете го во чинија за сервирање и одозгора ставете го и преливот. Може да е декорирате со маслинки, магдонос и сл.
Може да се послужи како салата, предјадење или како прилог на некое месо. Мене ми беше прилог на плескавици.
Лиценца: Сите права се задржани