19
јан
2021
Колбаси во кари сос(currywurst)
1. Колбасите ги засекуваме на неколку места. Ги ставаме во тавче на оган да се пржат. Откако ќе се испржат ги вадиме на страна и ги сечеме на парченца.
2. Кромидот ситно го сецкаме. Во тавче на оган го ставаме маслото да се загрее, го додаваме кромидот. Пржиме. Го додаваме доматното пире и 100 мл од водата, промешуваме.
3. Смесата ја ставаме во висока чаша и со рачен блендер блендираме. Смесата ја враќаме во тавчето на оган, ги додаваме кечапот, 50 мл вода, кари зачинот и солта. Промешуваме и оставаме на оган 5 минути. При крајот го додаваме медот, соја сосот и балсамикото. Промешуваме
4. Во чинија ставаме парчињата колбаси, врз нив ставаме од кари сосот. Послужуваме со мали лепчиња.
Лиценца: Сите права се задржани