Од состојките за тестото замесете тесто и ставете го во фрижидер 1/2 час.
Извадете го од фрижидер и исучете го не многу танко (на набрашнета површина)
Вадете форми по ваша желба. Ставете ги на плех покриен со хартија. Се печат на 180 степени десетина минути.
За кремот, сврелете ја слатката павлака, ставете го во неа инстант кафето и прелијте ја преку чоколадото. Убаво измешајте. Кога ќе се олади, спојувајте по две кекси со 1 лажиче од кремот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови