Колачиња со маст и јогурт
Во сад ставете ги јајцето, маста и шеќерот. Матете додека стане пенеста маса, додајте го лимоновиот сок и јогуртот поматете уште малку. Полека додавајте од брашното и целото пециво. Месте со рака додека добиете тесто што не се лепи за рацете. Од тестото со раце кинете мали парчиња и правете ги како месечинки. Може и да вадите форми или како сакате. Редете ги на плех со хартија или малку намрсен со масло. Печете на 200 степени 15 тина минути додека се заруменат. Уште топли валкајте ги во прав шеќер.
Чувајте ги во добро затворена кутија, можат да стојат дури и до 1 недела, колку повеќе стојат толку поубави се.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови