Се замесуваат јајцата и шеќерот и во нив се додава растопената маст, но да не биде врела. Се ставаат ванилата и пецивото и пополека се додава брашното. Тестото не треба да биде тврдо, треба да е меко.Се расукува кора и се сечат форми со калапчиња. Се редат во не подмачкан плех и се печат околу 10 минути на 250 степени. Се спојуваат две по две колачиња со мармалад и едната половина се потопува во прелив од 2-3 реда чоколадо за готвење со малку маргарин преливот треба да е редок се потопува едната половина во преливот и се валка во мелени ореви, кокос или дробени бисвити по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови