Испечати

Колачиња со маст

Колачиња со маст

Состојки

  • 4 јајца
  • 4ф. поголеми шекер
  • 4ф. поголеми растопена несолена свинска маст
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шекер

Подготовка

Се замесуваат јајцата и шеќерот и во нив се додава растопената маст, но да не биде врела. Се ставаат ванилата и пецивото и пополека се додава брашното. Тестото не треба да биде тврдо, треба да е меко.Се расукува кора и се сечат форми со калапчиња. Се редат во не подмачкан плех и се печат околу 10 минути на 250 степени. Се спојуваат две по две колачиња со мармалад и едната половина се потопува во прелив од 2-3 реда чоколадо за готвење со малку маргарин преливот треба да е редок се потопува едната половина во преливот и се валка во мелени ореви, кокос или дробени бисвити по ваша желба.