
11
јан
2016
Колачиња корпиња
Најпрво направете го тестото, измесете ги сите состојки и ставете го во фрижидер половина час.
За тоа време подгответе го и полнењето, измешајте ги сите состојки. Видот на сушените овошја е индивидуален, кој како сака, јас кладов суви сливи, смокви и урми.
Калапот за мини мафини, намачкајте го со путер, набрашнете го секое отворче и во него ставајте по малку од тестото, формирајќи со прстите чашка. Откако ќе ги наполните сите отвори, во секој ставете по 1 лажиче од филот.
Печете на 180 степени, внимавајќи да не ви изгорат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови