Лесна подготовка, еве како

Тесто
- Измешајте ги сите состојки и замесете го тестото. Доколку е тврдо (зависно од брашното) додадете малку млеко за да добиете тесто кое можете да го расукате.
- Расукајте го во кора и со модла вадете форма каква што сакате (по оригиналниот рецепт се санмо звезди бидејки Анисот е звездаст), наредете ги во плех послан со хартија за печење и печете ги во предходно загреана рерна на 190 степени околу 10 мин.

Глазура
- Пресејте го шеќерот во прав и измешајте со алкохолот, ако сакате додадете и сосема малку жолта боја. Оладените колачиња премачкајте ги глазурата и посипете со мелен Анис. Можете веднаш откако сте го премачкале колачето да посипете и перли.

Совет
- Јас немав Узо, нели поради анисот се става и овој алкохол, се мислев и одлучив да ставам сок од лимон, така да на оваа количина ставив околу 4 лажици сок од лимон, а доколку немате ниту сок од лимон, солидна замена е и млекото кое исто така го ставате од 3-4 лажици, измешате и поливајте врз колачите.
- Со оваква глазура можете да шарате исто така како со глазурата која се прави од шеќер во прв и белка, можете да лепите исто така примерно ако сакате да направите кукичка, ќе се сетите вие што се може да се направи.
Срекни празници!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани